„Денови на хрватски филм“ е манифестација што ќе се одржува од понеделник, 15 септември до сабота, 20 септември 2025 година, со проекции што почнуваат во 20 часот во Кинотеката на Македонија.
Манифестацијата се одржува во соработка со Кинотеката на Република Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска.
Публиката ќе има можност да се запознае со избор од најзначајните и најуспешните дела на хрватско кино.

Церемонијата на отворањето ќе започне со филмот „Ustav Republike Hrvatske“ (2016) во режија на Рајко Грлиќ.
Во текот на неделата ќе бидат прикажани долгометражни филмови, кратки играни филмови, документарни филмови и класици на хрватското кино, а програмата ќе заврши со најновата крими драма „Svemu dođe kraj“ (2024).
Сите филмови ќе се прикажуваат на оригинален јазик со титлови на македонски и на англиски јазик.