Иницијатива големата концертна сала во Филхармонијата да го носи името на Ванчо Чавдарски
Ванчо Чавдарски е македонски диригент со светска слава. Животот, работата, професионалната и уметничката кариера од него направија диригент со светско реноме и слава. Тој како творец и уметник ја прослави Македонија низ една импресивна, богата и долга музичка и културна траекторија од неговото Владимирово, преку Скопје, Белград, па сѐ до Италија, Шпанија, Германија, Данска,Франција, Велика Британија, Белгија, Швајцарија, САД, Венецуела, поранешниот СССР, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Тасманија и Австралија. На музичките сцени низ светот настапувал со околу 80 оркестри, во својот репертоар имал над 100 симфонии и околу 35 оперски партитури. Бил диригент на Операта при МНТ, директор на Македонската филхармонија, диригент на Симфонискиот оркестар на РТВ Белград, работел во Велика Британија и со оркестар на отворањето на Операта во Сиднеј, а работел и како професор и диригент на Јужнокорејскиот конзерваториум во Сеул.
И покрај реномираната кариера, Ванчо Чавдарски речиси е заборавен во Македонија. Неговото творештво, диригентската уметност, музичкото наследство и оставината полека избледуваат и се бришат. Со интенција да се зачуваат и да се актуализираат името и делото на Чавдарски и сето она што го создал за време на својот животен век, познати музички уметници, инструменталисти, професори, културни работници, поети, писатели, композитори, диригенти составија Иницијативен одбор и поведоа иницијатива големата концертна сала на Филхармонијата да го носи неговото име: Сала „Маестро Ванчо Чавдарски“.
– Нашиот предлог е да го вратиме од заборавот на времето името на големиот и славен македонски диригент, маестро Ванчо Чавдарски. И по речиси 25 години од неговото заминување, нашите институции од културата не смогнаа сили да поведат иницијатива нашиот великан, диригент со светска слава, маестро Ванчо Чавдарски да го добие заслуженото место во нашето културно и општествено живеење. Односно некоја институција, улица, музичко училиште, музичка академија или концертна сала да го добие неговото име! Причините засега не ни се познати. Затоа ние од Иницијативниот одбор од познати уметници, оперски пејачи, диригенти, композитори, инструменталисти и општественици ја поведуваме оваа иницијатива со цел нашиот најпознат диригент, маестро Ванчо Чавдарски, да го добие заслуженото место во нашето културно живеење како личност што заслужува чест и слава. Постигнал врвни резултати во својата уметничка дејност, презентирајќи врвни уметнички квалитети, изведувајќи македонски композитори и дела, како во Македонија така и во поранешна Југославија, Европа и во светот, презентирајќи ги на врвен уметнички начин македонската култура и уметност и оставајќи голем број тонски и ТВ-записи насекаде каде што гостувал. Најголемиот број концерти сали насекаде во светот ги носат имињата на големите музички ѕвезди, уметници, диригенти, композитори, солисти итн., па така, и нашиот предлог произлезе од таа традиција, големата концертна сала на Филхармонијата да го носи неговото име: Сала „Маестро Ванчо Чавдарски“ – апелираат од Иницијативниот одбор за маестрo Ванчо Чавдарски и претседателот Васил Атанасов.
Со овој допис, тие ја обзнануваат иницијативата на Иницијативниот одбор, која се состои во предлог до Министерството за култура и до Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, големата концертна сала на Македонската филхармонија да го носи името на познатиот и прославен македонски диригент маестро Ванчо Чавдарски: Сала „Маестро Ванчо Чавдарски“.
Маестро Ванчо Чавдарски е роден во ВН: Јавни предавања за македонскиот рубин на Деан Шкартов-Деко.
Претстојниот викенд, во организација на неформалниот културно-уметнички колектив „Аристон“, со поддршка од „Откритие“, Меѓународниот славјански универзитет и од „Нова Македонија“, во Скопје ќе бидат одржани две јавни предавања, во кои за првпат пред поширока публика ќе се говори за македонскиот рубин.
Првото предавање со наслов „Кристали, скапоцени камења и енергија“ за природниот феномен на минералите, кристалите и скапоцените камења и нивното влијание на човекот и амбиентот ќе се одржи денеска, во 19 часот, во „Салон 19.19“ во КИЦ. Второто предавање насловено „Македонскиот рубин“ со поднаслов „Моќниот зрак на нашето срце“, инаку прво јавно предавање за македонскиот рубин со Деан Шкартов, ќе се одржи утре, во 17 часот, во „Паблик рум“. Билетите се достапни во претпродажба на Tix.mk и Zlatenzab.mk.
Предавањата на најголемиот промотор на македонскиот рубин, Деан Шкартов-Деко ќе ги опфатат историјатот, геологијата, искуството, јувелирската вредност, енергијата, мистиката. Македонскиот рубин низ изминатите години им е подарен на рускиот патријарх Кирил, папата Бенедикт Шеснаесетти, папата Франциск, Дерил Хана, Жулиет Бинош, Изабел Ипер, императорот на Јапонија, кралицата Елизабета Втора, емирот од Катар и многу други.
ладимирово во 1930 година. Основното образование го завршил во родното место, каде што и пеел во училишниот и во црковниот хор. Потоа се запишува во музичко училиште во Скопје, од каде што продолжува на ФМУ Белград, отсек за диригирање, во класата на проф. Живоин Здравковиќ. Поради својот неоспорен талент и покажаните резултати, продолжува да се школува во Хамбург, Германија, во класата на проф. Х.Шмит Исерштет, а подоцна се школува и во САД, каде што специјализира диригирање.
– Во 1962 година на натпревар на млади диригенти во Ливерпул, Велика Британија, каде што учествувале 105 кандидати од целиот свет, ја добива втората награда и станува еден од водечките млади диригенти во тогашна СФР Југославија. Диригирал со врвни европски и светски оркестри во европските и светските музички и културни метрополи. Великиот маестро Чавдарски, музиколозите го нарекуваа македонскиот Одисеј, а теоретичарите на музичката уметност за него велеа дека е необично темпераментен диригент, со неоспорен талент и висока музикалност. Израсна во еден од столбовите на македонската современа музичка култура. Со неговото име се поврзани најголемите и најзначајни успеси на Македонската филхармонија, каде што беше долгогодишен директор – споделува Васил Атанасовки.
Има реализирано обемен, богат и квалитетен симфониски и оперски репертоар. Со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија за неполни шест години ќе реализира дури 15 музички турнеи низ Европа и светот.
– Резимирајќи ги сите музички успеси и уметнички дострели на маестро Ванчо Чавдарски, со право констатираме дека тој е човек, творец и уметник чиј живот е воден од стремеж кон високи уметнички вредности. Неговиот персонален идентитет и уметнички интегритет уште за неговиот живот ги надминаа границите на музичката уметност и се втемелија во колективната меморија на сите Македонци. Неоспорно е дека тој е еден од пионерите и лидерите во развојот на музичката уметност во Македонија и пошироко. Цело време со својата неуморна работа градеше музички мостови на соработка и доверба меѓу македонскиот народ и Македонија со другите народи и држави. Искрено се надеваме дека ќе се препознае неговиот исклучителен придонес за Македонија и дека ќе се прифати нашата иницијатива – дополнува Атанасов.
Тие веќе го доставија предлогот до Филхармонијата, на што добија негативен одговор.
– Управниот одбор и директорот на Филхармонијата се академски музичари, на кои им се познати ликот и делото на маестро Чавдарски, како и неговата музичко-уметничка дејност. Управата на Филхармонијата е свесна дека во македонската историја на создавање и афирмирање на класична музика има многу заслужни музичари, од сите области на музиката, како и други заслужни граѓани, од кои навистина е тешко да се одбере еден, без притоа да се навредат и потценат залогот и заслугата на некој друг. Исто така сме запознаени дека во родното Владимирово, старата сала на Здружниот дом е реновирана и го носи неговото име. Оттука Управниот одбор и директорот на установата сметаат дека најсоодветно е салите во Македонија да си ги задржат постојните „топоними“ на распознавање, а тоа се „голема концертна сала“ и „камерна сала“. Понатаму сметаме дека секое натамошно именување на која било од салите со лични имиња на поединци може да биде контрапродуктивно. Исто така сметаме дека какво било именување на салите е и треба да остане интерна работа на установата. Од причините наведени погоре, ве информираме дека Управниот одбор и директорот на установата не даваат поддршка за наведената иницијатива – пишува во одговорот на Филхармонијата.
Минатата година со истата цел, односно актуализирање на делото на Чавдарски, Владимирово доби концертна сала што го носи името на македонскиот диригент Ванчо Чавдарски. По тој повод, беше организиран концерт во негова чест. Идејата потекна од здружението „Илинденски денови“ и културниот центар „Алачки“ од Владимирово. На концертот настапи и камерниот оркестар „Скопски солисти“ со солистите Борис Трајанов-баритон и Васил Атанасов-обоа, под диригентска палка на маестро Ангел Спировски.

































