Љубителите на театарската уметност синоќа имаа можност во театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно да ја проследат претставата „Бура“ од В. Шекспир, во режија на американскиот режисер Џон Блондел.
„Бура“ (1611) обично се смета за последната драма на Шекспир. Режисерот Блондел, со кого прилепскиот театар првпат соработува, заедно со сценографот и костимограф Благој Мицевски, авторот на музиката Томе Темелкоски, создадоа одлична претстава во која публиката синоќа уживаше.
На сцената е прикажана сета сложеност на животот, бурите, вљубувањата, неверството, насилството, простувањето… Претставата „Бура“ е филозофија на животот која одлично ја пренесуваат актерите на сцената, па се чини дека публиката е дел од случувањата.
Во претставата играа Игор Трпчески, Ангела Наумоска, Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓеивски, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Катерина Чакмакоска – Клинческа и Ана Митоска. Ка.М.