Во Варна, Бугарија, во рамките на музичкиот фестивал „Чаики арт фестивал“ или во превод (Галеби арт фестивал), во „Галеријата 33“, покрај одржаната ликовна работилница, се отвори заедничка сликарско-скулпторска изложба на македонски и на бугарски уметници. На изложбата со свои дела (слики, скулптури и објекти) се претставија варненскиот скулптор, доцент Николај Нинов, и македонските уметници Беди Ибрахим и Атанас Ботев.
Фестивалот е организиран од фондацијата „Поетика“, а финансиски е поддржан од Фондот за култура при Општина Варна.
Целиот културен настан на кој учествуваа музичките бендови од Македонија („21 век“) и неколку од Бугарија беше организиран од господинот Паскал Гонов. Изложбата ќе трае до 30 август.
– Културните настани отсекогаш биле и засекогаш ќе останат најзначајни во размената на благородната духовна енер