Во културниот центар „Феникс“, на ул. Борка Талески бр.48, кај Универзалната сала, денеска со почеток во 19 часот ќе се одржи поетска средба со познатите српски писатели Видак Масловариќ и Мајо Даниловиќ.
Масловариќ е потпретседател на Здружението на писателите на Србија, а Даниловиќ е координатор за словенските земји на Светската академија за поезија под патронат на УНЕСКО со седиште во Верона (Италија).
Поетите Масловариќ и Даниловиќ се годинашни добитници на наградите „Златен прстен“ и „Орфеј“. Тие ќе се претстават со своја поезија и ќе се води разговор со нив, а вечерта е замислена и како Балканска средба на писатели на која ќе настапат и повеќе македонски поети.