Плакат
„Алегорични фрагменти“ е изложбата на скулптури што ќе биде отворена вечерва од 20 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, како дел од годишната програма на Министерство за култура и ДЛУП.
Со дела на изложбата ќе се претстават Емил Солески, Елена Димоска, Филип Перески, Методи Исков, Марјан Стојаноски, Маја Ралева Миладиновски, Филип Јовески и Марта Макеска
– Ликовните уметници, преку делата ни испраќаат порака од друг агол, како и самиот наслов на изложбата Алегорични Фрагменти. Содржината на делата со една анализа го опфаќа целиот пристап кон темата, каде денес опкружени со бројни случувања се мотивираме и утврдуваме поинаков односот кон уметноста. Секој уметник преку својот личен пристап кон современата уметност отсликува одредена порака која се испраќа до последниот примач со однапред конципирано вајарско решение.Апстракно симулирање на форма како дел од ова парче земја преку композициски решенија и градација, просторна игра како одраз на апстрактно и асоцијативно поставените фрагменти со целокупниот состав создавам алегорија исполнета со емоции кон убавото и заборавеното – вели Маја Р. Миладиновска, носител на проектот.
Ка.М.