Фото: Ка.М.

Завршува 59-от МТФ „Војдан Чернодрински“

Претставата „12“ на МНТ, Скопје е добитник на наградата за уметничко остварување на претстава во целина  на годинашниот МТФ „Војдан Чернодрински“. Ова одлука  со мнозинство гласови ја донесе жирито во состав  Лилија Абаџиева, претседател и членовите Иван Меденица и Нела Оташевиќ. Воедно на ансамблот на истата претстава и беше доделена специјалната награда за колективна актерска игра и тоа  едногласно. Според Лилија Абаџиева оваа претстава  имала внатрешна вистина на преживување, психолошка праведност и  одлична актерска игра.
– За мене „12“ е исклучително актерско достигнување на секој дел од екипата. Секој еден талентиран и различен актер, ни пренесува различен свет – рече Абаџиева.
Вечерва ќе бидат врачени и  останатите награди на фестивалот.
Награда за рекламен материјал со мнозинство на гласови се додели  на Медина Хоџа за рекламниот материјал од претставата „Слепци“ во изведба на НУ Турски театар  – Скопје.
Фото: Ка.М.
Наградата за кореографија и сценски движења со мнозинство на гласови се додели на Васил Зафирчев за кореографија и сценски движења во претставата „Рацин“ во изведба на НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.
Наградата за музика „Филип Стевановски“ едногласно се доделува на Сашко Костов за музиката во претставата „Рацин“ во изведба на НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес.
Награда за костимографија едногласно се доделува на Самка Фери за костимите во претставата „Ричард III“ во изведба на НУ Албански театар – Скопје.
Награда за сценографија едногласно се доделува на Валентин Светозарев       за сценографија во претставата „Рацин“ во изведба на НУ НТ „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“, Велес.
Награда за современа сценска драматизација и адаптација едногласно се доделува на Јелена Цветановска за драматизација и адаптација на текстот „Црно семе“ во претставата „Црно семе“ во изведба на НУ Народен Театар – Битола.
Награда за современ драмски текст со мнозинство на гласови се доделува на Ана Ристоска Трпеноска за текстот „Парови“ во претставата „Парови“ во изведба на НУ Драмски театар, Скопје.
Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ со мнозинство на гласови се доделува на Атанас Атанасовски за улогата на Оскар Медисон во претставата „Пар-распар“ во изведба на НУ Театар Комедија, Скопје.
Награда за млада актерка едногласно се доделува на Слаѓана Вујошевиќ за улогата во претставата „Слепци“ во изведба на НУ Турски театар, Скопје.
 Награда за женска епизодна улога со мнозинство на гласови се доделува на Маја Љутков за улогата на Гвендолин Пиџн во претставата „Пар распар“ во изведба на НУ НТ Комедија.
Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ со мнозинство гласови се доделува на Оливер Митковски за улогата на 10 во претставата „12“ во изведба на  НУ МНТ Скопје.
Награда за главна женска улога едногласно се доделува на Марија Минчева Андонов за улогата на Мајката во претставата  „Сите прекрасни нешта“ во изведба на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип.
Награда за главна машка улога едногласно се доделува на Мартин Мирчевски за улогата на Доне Совичанов во претставата „Црно семе“ во изведба на НУ Народен театар Битола.
Награда за режија со мнозинство гласови се доделува на Ќендрим Ријани за режијата на претставата „Слепци“ во изведба на НУ Турски театар – Скопје.
Претставата „Слепци“,режија Ќендрим Ријани,  од Турскиот театар се закити со наградата од публиката со просечна оценка 5.
Со доделувањето на награди и изведбата на претставата „Вистината“ на театар Комедија – Скопје, вечерва од 20.00 часот на сцената од ЦК „Марко Цепенков“ се спушта театарската завеса и завршува годинашното 59 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, кое донесе нови и смели решенија под мотото „Смеј се и осмели“. Ка.М.