Киното „Манаки“, кое почна да се гради на Широк сокак во Битола, уште во 2013 година, ќе биде довршено со средства од Владата. Од вкупно 117,5 милиони денари, колку што се предвидени за капитални проекти во културата, значителен дел ќе бидат наменети за ентериерно уредување на киното.
Објектот се наоѓа во строгиот центар на Битола и речиси целосно е изграден, останува уште да се доуреди внатрешноста за да биде функционално. Покрај киносала за стотина гледачи, објектот ќе има и две простории наменети за музејска дејност. Изградбата се реализира според зачувани фотографии од киното „Балкан“ на браќата Манаки, кое работело во 1923 до 1939 година на Широк сокак. Идејата е да се зачува стариот изглед на киното во кое работеле браќата Манаки во 19 век во Битола.