Од четврток до сабота во Битола ќе се одржи јубилејното десетто по ред издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“.
Поради здравствената ситуација и се со цел заштита на здравјето на публиката, фестивалот за првпат ќе се одржи во еден нов формат, односно онлајн, со што може да е следи јутуб-каналот и на веб-страницата на „Бабец театар“ кој е организатор.
Логистичка поддршка за фестивалот е пружена од Светската асоцијација за детски театри АССИТЕЖ и Асоцијацијата за детски театри од средна и југоисточна Европа ТЕАТАР ЕПИЦЕНТАР.
На јутуб-каналот на театарот ќе се емитуваат пет претстави кои во минатите изданија на ИДТФ „Битолино“ ја освоиле наградата Гран-при за најдобра претстава.
„Шампионската едиција“ ќе започне со претставата „Не можеме да останеме на ова“ во продукција на театарот Тијатротем од Истанбул, Турција.
Следниот ден ќе биде прикажана претставата „Валкано крило“, една од најнаградуваните претстави во историјата на детскиот театар, во продукција на Зуазола куклената компанија од Сантјаго, Чиле, а истиот ден децата ќе имаат можност да ја погледнат претставата на театарот Мала сцена од Загреб, Хрватска со наслов „Смешно чудовиште“.
Последниот фестивалски ден ќе започне со претставата „Четири басни и Кралицата“ во продукција на Рути Тамир театарската компанија од Модин, Израел, а официјално фестивалот ќе го затвори збратимениот театар од Санкт Петербург, Русија, Државниот детски театар на Портите на Нарва со претставата „Малиот принц“. М.М.