Издавачката куќа „Скалино“ од Софија го најави излегувањето на бугарскиот превод на книгата „Јазичен триптихон“ („Езиков триптих“) од Славе Ѓорѓо Димоски. Делото од македонски на бугарски јазик го преведе Емилија Миразчиска, а како редактор на препевот се јавува Роман Кисјов, осведочен преведувач на македонската поезија на бугарски јазик. Поговорот на книгата го напиша познатиот бугарски поет Александар Шурабанов, а придружен текст има и англискиот поет Том Филипс.
По книгите „Зборови и вода“ и „Последните ракописи“ оваа е трета книга на Ѓорѓо Димоски на бугарски јазик. Книгата „Јазичен триптихон“ во 2015 година ја објави „ПНВ Публикации“ и ја доби наградата „Ацо Шопов“, а во 2016 година „Архипелаг“ од Белград ја објави на српски јазик. Том Филипс смета дека Славе Ѓорѓо Димоски е значајна фигура во современата македонска поезија.