Од светското кино
Двојка без деца, Марија и Ингвар, открива мистериозно новороденче на нивната фарма во Исланд. Неочекуваната перспектива за семеен живот им носи многу радост, пред конечно да ги уништи. Критичарите велат дека „Јагне“ може да биде најоткачениот филм есенва.
„Косценаристот и режисер Валдимар Јохансон е сериозен како срцев удар во неговата морничава нова хорор-приказна. Ограден во морничав страв што бавно врие“, пишуваат критичарите што го гледаа филмот на Канскиот филмски фестивал.
„Јагне“ е филм исполнет со неприродна морничавост. Двојката во филмот живее тивок живот во дивината на Исланд. Одгледуваат овци и изгледаат задоволни, но очајно сакаат дете. Една ноќ во нивната штала се случува чудо: овца роди хибридно суштество, кое има тело на бебе и глава на јагне. Двојката почнува да го одгледува јагнешкото бебе како свое… Бизарниот филм носи вознемирувачко искуство, но и многу оригинално сфаќање на грижите да се биде родител.
Филмот е во продукција на Исланд, Шведска, Полска.