Во спомен куќата во Небрегово денеска се одржа  чествување по повод 100-годишнината од раѓањето на великанот Блаже Конески. Воедно се одбележаа 20 години од фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ која го чува делото на Конески.

Атанас Конески, секретар на фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, посочи дека Блаже Конески е столбот во македонската култура, литература и поезија и визионер за идентитетското опстојување.

Според Робет Алаѓозоски, национален координатор за култура, Владата и УНЕСКО ја прогласија за година на Конески, но е и година на мирот и добрососедството, бидејќи Конески го обезбеди мирот преку основното прашање, јазикот на еден народ.

Академик Катица Ќулавкова од МАНУ, објасни дека за роденденот на Конески, 19 декември МАНУ ќе ја заврши повеќегодишната работа на многутоното издание на неговите дела.

На денешното чествување од Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ нагласија дека во 20 години од едицијата „Македонски збор“ се објавени 5 книги за Конески во кои 150 автори ги изнесле своите ставови за Конески. Од едицијата  „Поттикот Конески“ се објавени 9 од 15 те планирани книги.

Денеска во Небрегово беше промовирана и монографијата на Фондацијата „Конески инспирира и мотивира“, како и три реиздадени книги: „Граматичарот Конески“, „Македонската литература и македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески и неговата книга од 1948 година „Најновиот напад на македонскиот јазик. Ги промовираше професор Живко Цветкоски.

На чествувањето, меѓу другите присуствуваа и Архиепископот, Господин Господин Стефан и владиците Петар и Климент.

Ка.М.