Годинава Министерството за култура на Хрватска (канцеларијата за заштита на културното наследство) го впиша јазикот есперанто во регистарот на хрватското културно наследство со образложение дека има традицијата во државата и карактер на нематеријално наследство. Оваа одлука е достигнување за јазикот бидејќи станува збор за второ официјално државно признавање на есперанто, по она во Полска. Европската Унија го стимулира процесот за и други европски земји да го постигнат истото тоа со што ќе се презентира нов план со кој есперанто ќе добие статус на признаен европски јазик во Европската Унија.
Со ова хрватските есперантисти докажаа дека се долготрајно активни и креативни на културното поле, збогатувајќи ја меѓународната есперанто-култура, како и претставувајќи им ја хрватската култура на есперантистите од светот.
Преводот од есперанто на информацијата, објавена во ревијата „Есперанто“ на Универзалната есперанто-асоцијација од Ротердам, ја направи Татјана Шошолчева Ропајкова, една од ретките активни есперантисти во Македонија.