Новото дискографско издание на „Фолтин“, албумот „МОМÓМА“ ќе биде претставен на денешната конференција за печат во кафебарот „Цреша“ во Скопје, во 12 часот, на која членовите на групата ќе ги најават и датумите за негова концертна промоција.
Албумот содржи шест авторски композиции, во изведба на членовите на бендот: Бранислав Николов – вокал, Пеце Трајковски-Брада – гитара и сајзер, Гоце Јованоски – бас, Славчо Јовев – тапани, Пеце Николовски – кларинет и усна хармоника. Гости на албумот се музичарите: Петар Димитровски – клавијатури, Владан Дробицки – тромбон и Васко Бојаџиски – саксофон.
Материјалот го сними Гоце Јованоски во Центарот за култура во Битола,лани во декември, а дел од песните се реализирани во студиото „Алшар“ во Скопје, во јануари. Миксот и мастерингот ги направи Ивица ЈанкуловскиШтраф. Издавач е „H * M * A“, а изданието е поддржано од Министерството за култура.
За „МОМÓМА“ писателот Дејан Трајковски во својата рецензија ќе напише дека е најзрелиот албум на „Фолтин“ досега.