Во големата балетска сала при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, синоќа се одржа завршниот час од Летната Балетска школа организирана од Еуролинк Осигурување. Балетската школа започна на 19 јуни и во период од три недели младите балерини и балетани ги изучуваа вештините и основните техники во класичниот балет.
Летната балетска школа помина со многу забава и нови пријателства, а на завршната претстава која беше подготвена со многу љубов и труд, малите учесници пред своите родители презентираа што научиле во изминатите три недели. На тој начин се заокружи неколкунеделното дружење и изучување на класичниот балет.
Еуролинк Осигурување заедно со балетскиот првенец Горан Божинов, на сите учесници во школата им додели сертификат за успешно завршена балетска школа.
Активноста е дел од Платформата за Корпоративна општествена одговорност, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.