Владата ја усвои Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески” и го задолжија Министерството за култура да ја координира реализацијата на оваа Националната програма, која оваа година е дел од календарот важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.
Народната банка во рок од пет дена до Владата треба да достави предлог-одлука за изработка на пригодни ковани пари, по повод „2021 – Година во чест на Блаже Конески”.
– Министерството за култура, Министерството за образование и наука и Министерството за надворешни работи се задолжени да ги реализираат активностите содржани во Националната програма кои се од нивна надлежност, а на останатите институции и установи вклучени во Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ им се укажува навремено и квалитетно да ги реализираат содржините наведени во националната програма, согласно предвидената динамика и да ги финансираат во рамки на сопствените буџети – соопшти Владата.