Со два новогодишни концерти на 1 јануари нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески ќе ја започне новата година. Тој ќе настапи во Хановер на покана од хрватскиот диригент Иван Репушиќ, кој што е шеф-диригент на Операта во тој град.
По Божиќ, пред наша Стара Нова година, по неколку години, Трпчевски се враќа во Линколн Центарот на три концерти со Њујоршката филхармонија. Со чешкиот диригент Јакуб Хруша ќе го изведе Концертот број 3 за пијано и оркестар на Прокофјев. Следи нов настап во Белфаст со Вториот концерт на Брамс, потоа 2 концерта во норвешката престолнина со Филхармонискиот оркестар на Осло кој ја одбележува својата стота годишнина. Веднаш потоа со овој оркестар под диригентската палка на Васили Петренко заминуваа турнеја низ Шпанија токму со изведба на двата концерти од Брамс.
Во февруари, следат изведбите на Концертот број 3 од Рахманинов со Чикашкиот симфониски оркестар на нивната матична сцена, а следат и три концерти во Милвоки. Трпчевски ќе настапи и со Лондонскиот симфониски оркестар во „Барбикан“.