Познатиот роман „Небеска Тимјановна“ на македонскиот поет и раскажувач Петре М. Андреевски деновиве го објави и издавачкиот центар „Три“. Романот се занимава со човечката димензија за време на војна, раскажан со гласот на главниот женски лик и водечка сила во романот, Небеска Тимјановна.
– Збогатувајќи ја македонската книжевност со „Небеска Тимјановна“, авторот со својата мајсторија и моќ одново ја покажува и докажува силната желба да се биде признаен во и преку јазикот. Преку визуелен приказ на тогашната социјална и политичка состојба, Андреевски ја нагласува потребата на секој човек да го потврди својот идентитет – посочуваат од „Три“.
Петре М. Андреевски (1934 – 2006) се смета за еден од најпознатите и најдаровити македонски поети и раскажувачи.