Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст се само дел од епитетите за „Травијата“ на Џузепе Верди, која ќе биде изведена на 28 мај со почеток во 20 часот, како дел од 47-те Мајски оперски вечери.
Ремек дело чие либрето е напишано според романот „Дамата со камелии“ на Александар Дима. Со оркестарот ќе диригира Филип Павишиќ од Хрватска, додека режијата е на Верена Штојбер од Германија.
Главната улога на Виолета Валери ќе ја толкува Сања Керкез, оперската дива од Белград, Србија. Благој Нацоски ќе ја толкува улогата на Алфред Жермон, додека во улогата на Жорж Жермон ќе настапи Отар Накашидзе од Грузија.