Н.У. Театар за деца и младинци е единствениот национален театар специјализиран за програмата за деца и млади. Со одлука на Владата е формиран на 02.02.1990, а првпат ги крена своите завеси пред публиката во Скопје на 25.03.1990 г. и оттогаш создава бајки со поинаков, ведар и магичен дух, како и претстави за тинејџери, младинци и возрасни. Игра голема улога во уметничкото и културното образование на најмладите.
Октомври го започна со учество на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со „Едвард Раце Ножици“, каде Н.У. Театар за деца и младинци доби награда за најдобар рекламен материјал, авторско дело на Борче Димитријоски од истоимената претставата , во режија на Нела Витошевиќ.
Во следниот период Театарот за деца и младинци со „Јованче и Марика“ ќе биде дел од фестивалот „Малиот Принц“ во Штип (10.10.2021), како и со „Некој нека ми каже колку сум важен“, на Меѓународниот детски фестивал во Бања Лука, БиХ (12-15.10.2021).