По 13-ти пат, од синоќа до сабота во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржува веќе традиционалната ликовна колонија „Дрен“, на која годинава освен што ќе творат сликари, дела во метал ќе создаваат и скулптори.

Добредојде на отворањето на колонијата синоќа им посакаа градоначалникот Илија Јованоски и Јасмина Мицовска Станкоска, директор на ЦК „Марко Цепенков“.

Своите инспирации на платно на колонијата ќе ги пренесат сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова
– Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан
Стојаноски.

Делата создадени на годинашната колонија, која се одржува со поддршка на Министерството за култура, наесен ќе бидат претставени на изложба.

Досега на колонијата се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ка.М.