Во Сули ан (Факултетот за ликовни уметности) вечер од 21 часот во рамки на „Скопско лето“ концерт на удирачки инструменти ќе одржи Сара Симоновска. На концертот, насловен „Тапанот се слуша надалеку“, таа ќе изведе дела од Бах, Добри Палиев, Ерик Самут и Вон Маиси.
Сара Симоновска (Куманово, 1994), по стапките на својот татко, почнала да свири тапани на четири години. Средно музичко образование почнала во „Илија Николовски-Луј“, но матурирала на Interlochen Arts Academy во Мичиген, САД, по добиена целосна стипендија. Во 2014 се запишала на студии на Универзитетот во Флорида.
Учела ударни инструменти од многу професионалци, има учествувано на голем број натпревари низ светот и добила награди во Мичиген, Флорида, во Бугарија и на натпревар во Скопје. Постдипломските студии по ударни инструменти Симоновска ќе ги продолжи во Охајо, САД.