Танцовата претстава насловена „Секвенци – минато, сегашност, иднина“ на кореографката Рисима Рисимкин беше изведена завчера, на сцената на Танцовиот театар во конзерваториумот за музика „Жијанг“, во кинескиот град Хангџо. Настапија петнаесет млади танчари, со музика од композиторот Тони Китановски. Костимите беа на познатата кинеска костимографка Бинг Ксианџи.
– „Секвенци“ се приказ на идејата за физичкото тело, поставено во различни временски рамки. Преку интерактивна соработка со танчарите, создадовме слики за минатото, денешнината и иднината – изјави Рисимкин.
По премиерата во Хангџоу, Рисимкин во Пекинг учествува на годишниот состанокот на Танцовата унија меѓу Кина и земјите на Централна и Југоисточна Европа, во која е член на бордот.