Премиерот Зоран Заев имаше средба со Анди Исмаили, светски шампион во современ танц соло за деца.
– Горди сме на твојот успех, освоеното прво место во категоријата современ танц соло за деца на Светското првенство. Тоа е огромна сатисфакција за твојот труд и испраќа моќна порака до сите млади да бидат мотивирани и да се занимаваат со танц или со спортски активности и да ги остваруваат своите соништа. Ова е огромна чест за нашата држава, да те гледаме на пиедесталот и да се интонира нашата химна – рече Заев на средбата со 11-годишниот шампион.
Анди победи на првенството во Полска во конкуренција од над 30 земји. Тој ќе се натпреварува и на Европското првенство во модерен џез и класичен балет, кое идната година во јуни ќе се одржува во Скопје.