Скопскиот дувачки квинтет вечерва ќе одржи концерт во Македонскиот културен центар во Софија со почеток во 18.30 часот.
На програмата се дела на Моцарт, Фаркас, Бизе, Д‘ Агостини и Смокварски, во изведба на музичарите: Марија Јакимовска -флејта, Васил Атанасов -обоа, Ристо Ѓоревски – кларинет, Орце Ицковски -фагот и Александар Гошев -хорна.
Скопскиот дувачки квинтет постои четири децении, изведува дела од домашни и странски автори како и дела специјално напишани за него. Досега гостувал и во Словенија, Хрватска, БиХ, Бугарија, Австрија, САД, Русија, Израел..