Како го изговарате „Van Gogh“? Најверојатно погрешно, американски Си-ен-ен цитира инсајдери на стартот на интерактивната изложба на дела на славниот сликар.
Изложбата „Запознајте го Винсент ван Гог“ што се одржува во познатиот уметнички центар во Лондон, „Саутбанк Сентр“, ветува неверојатни проекции, интерактивни инсталации, врвна сценска работа и привлечна приказна додека го носи гледачот низ животот на холандскиот уметник.
Но, аудио-водичот за изложените дела, дојдени од „Музејот Ван Гог“ во Амстердам, им ги крена веѓите на посетителите кога го изговори презимето на сликарот како „Ван Го“, типичен американски изговор. Во Велика Британија, луѓето имаат тенденција да кажат „Ван Гоф“.
Презимето кое го изговори водичот, „Ван Го“, подоцна на прес-конференцијата предизвика дискусија помеѓу холандскиот амбасадор во Велика Британија, Сајмон Смитс, директорот на Музејот Ван Гог, Адријан Донзелман, и правнукот на сликарот, Вилем ван Гог.
Мартин Бејли, автор на „Ѕвездена ноќ: Ван Гог во азил“ изјави за Си-Ен-Ен Стил дека има уште многу варијации на името во светот – и дека таквите варијации влијаеле на тоа како легендарниот уметник ги потпишувал своите слики.
Аидио-водичот на изложбата во Лондон го изговара „Го“ исто како и Американците, вели Бејли, кој пишува блогови за Ван Гог за весникот The Art Newspaper. Англичаните го изговараат „Гоф“, Французите „Гог“, а Холанѓаните го изговараат со гутрален звук „Кхокх“.
Ван Гог обично користел „Винсент“ за да ги попише своте слики и писма, затоа што на луѓето им било полесно да го изговорат.
Ван Гог често патувал низ Европа, се преселил во Лондон каде што работел како продавач на уметнички дела кога имал 20 години, а живеел во Франција. Неговите слики се потпишани „Винсент“, а во писма и документи уметникот честопати е именуван како г-дин Винсент или монсињор Винсент.
– Тој секогаш сакаше да биде Винсент затоа што Французите и Англичаните не можеа да го изговорат неговото презиме- вели Бејли за Си-ен-ен.