Продолжуваат откажувањата и одложувањата на бројни светски настани како резултат на коронавирусот. Тоа не го избегна ниту култниот Филмски фестивал во Кан, кој годинава требаше да се одржи од 12 до 23 мај, но се одложува на неодредено време.
Организаторите на фестивалот решија, по негодување и мислење дека фестивалот сепак може да се одржи, дека ова е сепак најпаметната одлука со оглед на ситуацијата во светот предизвикана од коронавирусот кој незапирливо се шири. Се уште не се знае новиот термин за гламурозниот филмски фестивал, иако се спомнуваат некои термини.
Во моментов се разгледуваат неколку опции, најверојатно фестивалот ќе биде на крајот на јуни или почетокот на јули. Одлуката ќе зависи од светската здравствена состојба, за која организаторите на фестивалот ќе се консултираат со француската влада и градските власти.