Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ најавија дека наскоро ќе снимаат игран филм во Битола.
Тие за среда закажаа кастинг за сите оние кои сакаат да учествуваат во снимањето на филмот.
Филмот се вика „Сирена во Париз”. Се работи за филм на белгиски копродуцент, кој минатата година снимаше филм во Македонија.
Снимањето на филмот ќе почне на 30 август годинава. Според замислата филмот една недела ќе се снима во Битола, а потоа во Скопје.
-Успехот на македонскиот филм последнава година е фантастичен. Покажавме дека сме квалитетна продукција и можеме да доведеме квалитетни филмски работници, изјави продуцентката Лабина Митевска, која е дел од копродукцијата на филмот.