Приватен миг
Сергеј Рахманинов (1873- 1943), руски пијанист, композитор и диригент, важи за еден од најпознатите руски пијанисти кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Во неговите дела, најдоминантен инструмент е пијаното, кое Рахманинов го научил до совршенство, проучувајќи ги можностите на овој музички инструмент. Бил инспириран од Петар Илич Чајковски, Корсаков и другите познати руски композитори. Како композитор пишувал хорски дела, опери, клавирски сонати, клавирски концерти, увертири и симфонии. Вниманието на публиката не го ловела само вештината на свирење клавир туку и харизмата што ја поседувал.
Уште на четири години го покажал својот интерес кон музиката, учејќи да свири на клавир, а на деветгодишна возраст се запишал на музичкото училиште во Санкт Петербург. Од 1988 година го продолжил своето образование во Московското музичко училиште. На деветнаесет години, во 1892 година, го напишал Првиот концерт за клавир, за кој добил големи критики и кој го преработил во 1917 година.
Рахманинов сакал да се ожени со својата братучетка Наталија, за што црквата не му дала дозвола. Сите овие работи многу му наштетиле на неговото здравје, што довело до период на голема депресија. Во наредниот период Рахманинов пишувал сѐ помалку музика, сè додека не започнал автосугестивна терапија.
Првата турнеја во САД, како пијанист, ја имал во 1909 година. Оваа успешна турнеја го направи славна личност во САД. По Октомвриската револуција во 1917 година и по губењето на својот имот, Рахманинов, покрај многуте други уметници, ја напуштил трајно својата татковина, Русија, заедно со неговото семејство. Кога живеел во Русија напишал 39 композиции, а во САД само шест композиции. Тој кажал: „Кога ја напуштив Русија, инспирацијата за компонирање ме напушти мене“.