Библиотеката „Ал-Би“ село Бабино, Демир Хисар, во соработка со основното училиште „Гоце Делчев“ во Демир Хисар, со онлајн активности ќе го одбележи 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право.
Ќе биде прочитана пораката на генералната секретарка на УНЕСКО, Азуле Одре, и македонската порака за книгата, ќе биде организиран квиз-натпревар за учениците, ќе биде промовирана книга, а предвиден е и омаж за значењето на книгата како најголем инструмент на знаењето.
Настанот се организира со финансиска поддршка од десет илјади денари на Министерството за култура од годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2021 година.