Македонскиот народен театар со претставата „Само глас“ ќе гостува на 29-от фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Претставата ќе се одигра на 11 септември со почеток во 19 часот на сцената во театарот „Антон Панов“, Струмица.
Покрај МНТ, на фестивалот годинава ќе учествуваат десет продукции од нашата земја и странство, меѓу кои се театарските куќи од Србија, Бугарија и Хрватска.
Ова за МНТ и претставата „Само глас“ е трето фестивалско претставување, а следното гостување на комуникациската модерна драма е предвидено за 12 октомври на интернационалниот театарски фестивал „Јоакимфест“ во Србија.