Камерниот оркестар на Битола синоќа во рамки на летниот фестивал „БитФест“ приреди концерт, незаборавна рок симофонија во која освен членовите на оркестарот, како гости учествуваа познати музичари од државата и странство.
На целовечерниот концерт што се одржа на ракометното игралиште во овој град настапија и Ненад Милосавлјевиќ, познат како Неша-„Галија“, Михајло Трајковски-Сак, Арбен Бени Шаќири, Петар Младеновски-Пеце „Суперхикс“ и Жарко Јакимоски.
Битолското културно лето денеска продолжува со изложба на копаничарското ателје „Пердика“ која ќе биде отворена во културниот центар „Магаза“, во битолскиот Музеј ќе бидат изведени руски романси со „Романсијада“, а во кафе клубот „Радост“ ќе се одржи фестивал за литература и други уметности.