Колекцијата на холандска уметност од овој период, на белгискиот кралски музеј на ликовна уметност, има вкупно 320 уметнички дела и е најважната во Белгија, од аспект на квалитетот и квантитетот, и една од најубавите во Европа
„Кралскиот музеј на ликовна уметност“ во Белгија го најави комплетирањето на долгоочекуваното реновирање на холандските галерии. Музејот повторно го отвори крилото каде што стотици холандски ремек-дела го пронајдоа своето постојано место во бриселскиот музеј „Олдмастер“. Истовремено, отворени се две привремени изложби, едната е на портретите на Франс Халс, а другата „Кабинет на најславните цртежи“.
Деветте неодамна реновирани соби ги претставуваат сликите на холандската златна доба во фокусот. Покрај Рембрант, чија 350-годишнина од смртта се слави оваа година, ова исто така нуди можност за одново откривање на делата на Франс Халс, Николас Мас, Абрахам Блумарт, Јан ван Гојен, Јакоб ван Руисдал и Питер де Хох. Крилото „Холандска школа“ опфаќа портрети, пејзажи и мртва природа и нуди обемна панорама од овој фасцинантен уметнички период.
По долгоочекуваното реновирање (од 2005 г.) на холандските галерии, речиси стотици ремек-дела конечно го добиваат своето заслужено постојано место во музејот „Олдмастер“. Колекцијата на холандска уметност од овој период на белгискиот кралски музеј на ликовна уметност има вкупно 320 уметнички дела и е најважната во Белгија, од аспект на квалитетот и квантитетот, и една од најубавите во Европа.
Сликите се групирани според жанрови низ собите: портрети, морски сцени и пејзажи, архитектски слики, борбени сцени, историски слики, животни и мртва природа. Силата на бриселската колекција се состои во високиот квалитет на делата. Голем дел од изложените дела е реставриран во текот на последните 25 години.