Во кино „Мис Стон“ во Прилеп вечерва (вторник) и утревечер ќе се одржи Ревија на италијански филм.

Почетoкот вечерва е од 19 часот со филмот „Идеалниот град“ во режија на Луиџи Ло Касо. Во среда се проекциите на „Дали некогаш си била на месечина“ и „Индустријалец„.

Ревијата на италијански филм во ЦК „Марко Цепенков“ ја реализираат Гимназијата „Мире Ацев“ во соработка со Амбасадата на Италија, Здружението на професори по италијански јазик во Македонија, а во рамките на неделата на италијански јазик во светот.

Дел е од 28 -та манифестација насловена „L’italiano e la rete, le reti per l’italiano“ што се одржува во земјава.

Ка.М.