Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално.
Секој автор може да учествува со една песна. Песните треба да се испраќаат на Фејсбук профилот на оваа манифестација или на [email protected] најдоцна до 1 септември 2019 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, која ќе биде издаден како склоп од оваа манифестација.
Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 Илјади поети за промена“. Ваков конкурс се организира веќе седма година го ред, исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во Република Македонија и во светот.
Манифестацијата „100. 000 поети за промена“ е од меѓународен карактер и се одржува во повеќе светски и европски земји, а нашата држава е дел од истата уште од самиот почеток.