Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“.
Конкурсот трае до 15 јануари 2020 година, а право на учество имаат сите романи кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2019 година.
Романите се доставуваат во пет примероци во читалната „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) или по поштана адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје). Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Петчлената жири-комисија ќе го соопшти лауреатот најдоцна на 15 март 2020 година.
Годинава наградата „Роман на годината“, што порано ја доделуваше „Утрински весник“ ќе биде доделена по 21 пат.