Издавачката куќа „Готен“, во рамките на проектот „Читајќи го Балканот“, организира разговор со хрватскиот писател Драго Гламузина. Разговорот ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во „Кино култура“. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски.
Драго Гламузина во текот на јуни е гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на издавачката куќа „Готен“, која е дел од проектот „Читајќи го Балканот“.
Драго Гламузина работел како новинар, а моментално е главен уредник во издавачката куќа „Ве-бе-зе“ од Загреб. Пишува поезија и проза. На македонски јазик му се преведени четири книги: збирките поезија „Месари“, „Тоа ли е сè“, „Еверест“ и романот „Три“. За збирката „Месари“ ги има добиено наградите „Владимир Назор“ и „Квирин“, а за романот „Три“ ја добива наградата на „Т-портал“ за најдобар хрватски роман во 2008 година.