В сабота на 19 септември во Бигорскиот манастир по повод 1000 години од ова наше световно и духовно светилиште, ќе се одржи Промоцијата на книгите „Свештена бигорска обител“ и „Нашите празници“ од група автори уредени од Вера Благојевиќ – Самарјанин, како и на „Муабетење со умот“ од Нада Алексоска, ќе се одржи утре (од 12 часот) во Бигорскиот манастир, по повод неговата 1.000-годишнина.
На промоцијата ќе учествуваат и Димче Петрушевски од здружението „Скопјанката Мајка Тереза“, кој на Епископот Партениј ќе му предаде слика со ликот на светицата, како и познатиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин, кој ќе му предаде творба украсена со неговите познати цветови за мир, како и сликата што ја наслика по повод јубилејот на Бигорски.
Поетско-ликовната манифестација ќе ја отвори Драган Мијалковски со песната за „Патрикот“. Промоцијата е во организација на МаБиХ – Македонија, со седиште во Битола.