„Помеѓу“ е насловот на првата книга на младата поетеса од Ниш, Валентина Бактијаревиќ, која утревечер ќе биде промовирана во Младинскиот културен центар со почеток во 20 часот. Издавач е „Антолог“, а објавена е на српски и на македонски јазик. Препевот на македонски го направи Ѓоко Здравески. На промоцијата, покрај Бактијаревиќ, ќе говорат и поетите: Владимир Мартиновски, Иван Шопов, Владимир Лукаш и Ѓоко Здравески.
– „Помеѓу“ е сочинета од љубовни песни во најубавата и најчистата смисла на зборот. Тие се топли, искрени и човечни лирски посланија до нејзината пријателка Калина Велевска, која близу снежниот врв Кајмакчалан прерано и трагично го загуби животот во февруари 2018 година – ќе укаже Владимир Мартиновски.