Четвртата поетска книга на Јосип Коцев, „Музеј на чувствата“ ќе биде промовирана в петок со почеток во 19 часот, во рамки на манифестацијата „Денови“ во Домот на градежниците.
Книгата е единаесетти носител на наградата „Бели мугри“ што секоја година ја доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје.
Корицата за „Музеј на чувствата“ ја изработи уметникот Дарко Алексовски. За книгата „Музеј на чувствата“, на манифестацијата „Денови“ ќе зборува Славчо Ковилоски. Стихови ќе чита поетесата Катерина Гогова.
Јосип Коцев има завршено правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во моментов работи во областа на маркетингот и комуникациите. Од 2008 до 2015 пишувал во блогосферата под псевдонимот Квентин Скриблер.
Автор е на поетските книги „Јас, Квентин Скриблер“, „Напишана тишина“ и „Сега е најдолгото никогаш“. Добитник е и на наградата „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата.