Во мултимедијалниот простор „Кафе и филм Котур“ денеска со почеток во 17
часот ќе биде промовиран книгата „Глупости“ од Катерина Димитровска.
– „Глупости“ е шашава психо-сликовница, интроспективно фрик шоу што лесно ја вшмукува реалноста, ја натопува со цревни сокови, киселина и бесмисла и ни ја враќа како повраќаниците на дебелиот господин во Монти Пајтон. Обилно и во лице. Љубовно писмо до празнината? Можеби. Но, фантазмагорична како сликите на Дали и делумно морничава како мрачните визии на Линч. Ментална анархија, игрива и забегана, нихилистички презрива, без обзири кон хигиена или смисла, еротизирана до болка и смрдеа кои перверзно те вовлекуваат во нејзиниот чудесен имагинариум. Страна по страна. Сепак, ова може да е и тивко, топло и спокојно патување низ интимните делови на едно себство ослободено од драмата на модерниот субјект опседнат со светската болка како нужна актуелност – напиша за книгата во оваа прилика, Давид Ангелевски.
Катерина Димитровска е пејачка во етно-фолк ансамблот „Перија“, а книгата
„Глупости“ е четврто издание на независниот издавачки шатор „АШ“.