Промоција на книгата „Виножито зад душата“ на писателот Милан Јазбец ќе се одржи вечерва во Младинскиот културен центар, со почеток во 20 часот.
Промотори на книгата ќе бидат Луан Старова и Ермис Лафазаназовски, со музички настап на дуото ВИОХАРФ: Ерхан Шукри (виолина) и Мерсиха Шукри (келтска харфа).
Јазбец е актуелен амбасадор на Република Словенија во Македонија, кој е номиниран и за Нобелова награда за книжевност.
– Тој ја сака и ја брани својата татковина далеку од неа, со сета своја интелектуална храброст и моќ, со сета емотивност и култура, со максимален напор да се разбере и сака другиот… Во целиот свој дотогашен живот, главниот лик сите свои искуства и кризи успешно ќе ги надминува со својот постојан modus vivendi – пишувањето и станува и автор на бестселер и добитник на Нобеловата награда… – вели академикот Луан Старова во предговорот на македонското издание на романот.