Вечерва во малата сала од Центарот за култура во Кичево, беше промовиран најновиот роман на Маја Ристески-Арминоска „Дева Марија и по втор пат искушена“. Извадоци од романот на Арминовска, читаа членовите на Литературниот клуб „Китка“ од Кичево, Оливера Ширгоска, Мира Илијоска и Лидија Аврамоска, а за својот најнов роман говореше и авторката, Маја Арминоска.
-Почитувани читатели, суштината на овој роман е да донесе поучна вистина, особено до женската полулација, за една болест од која страдаат голем број на жени. Кој ја поминал оваа патека, во која илјадници патокази те повикуваат и збунуваат од каде да тргнеш, ќе ја разбере пораката која ја носи оваа вистинска приказна од животот – вели во воведот од својот најнов роман, плодната прозаистка и поетеса Маја Ристески-Арминоска, која на крајот од промоцијата на сите присутни во салата им подари по еден примерок од најновиот роман и најави и нови дела со интересна тематика, како прозни така и поетски. З.А.