Во Општина Прилеп денеска беше промовиран документарниот филм „Поддршка за легализација на ромското домување – мапирање на разликите“. Филмот е дел од проектот чија цел е подобрување на условите и легализација на домовите на ромските семејства, а е финансиран од ЕУ, во рамките на програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество за 2016-2017 година.

– Проектот „Поддршка за легализација на ромското домување – мапирање на разликите“, се спроведува во седум општини на територија на нашата држава меѓу кои е и Општина Прилеп. Останатите се Куманово, Велес, Кичево, Кочани, Штип и скопската општина Чаир. Сакаме да ги покажеме сите претходни анализи и изјавите на „градските татковци“ од овие 7 општини во врска со легализацијата на ромското население, за нивните приоритети, со еден збор да ги покажеме добрите примери за решавање на овие проблеми – посочи Рамуш Муарем, координатор на проектот.

Документарниот филм е под-грант на проектот „Поддршка за легализација на ромското домување“, имплементиран од страна на Здружението Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија (ЗРДИЦМ).

Ка.М.