Денес во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје се одржа промоција на издавачката дејност на „Остен“ – уметност на хартија, како дел од одбележувањето на 50 години Светска галерија на карикатури. На настанот беше најавено и дека наскоро ќе биде отпечатен и каталог, односно публикација во која ќе бидат претставени уметничките достигнувања на добитниците на главните награди на „Остен биенале на цртеж Скопје 2018 година“.
На промоцијата говореше и амбасадорот на Република Словенија во Македонија Милан Јазбец, кој е и автор во предговорот за монографијата за сликите, цртежите и графиките на словенечкиот карикатурист Јоже Циуха.
Дополнително, на промоцијата беа доделени и плакети во знак на благодарност во учество и соработка на различните проекти на „Остен“, во кои меѓу другите беа и Министерството за култура на Република Македонија, амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец, американските катчиња во Тетово, Битола, Штип и Скопје, како и фотогорафот Александрос Стаматиу.