Во Музејот на градот Скопје е промовирана „Графичката мапа на Родољуб Анастасов“, музејски проект финансиран од градот Скопје, а реализиран во рамките на „Скопско лето“.
Родољуб Анастасов (1935 г.), македонскиот сликар од средната генерација, кој често го претставувал југословенското, а редовно македонското современо ликовно творештво во репрезентативни избори во светот и кај нас, со досега добиени десетици награди и признанија, најголемиот дел од својата сликарска продукција ѝ ја подари на Република Македонија, во легатот „Јустина и Родољуб Анастасов“, сместен од 2012 година во одделен галериски простор во Музејот на градот Скопје. Мапата содржи десет авторовски дела од колекцијата на истата галерија од циклусот „Човек и простор“ создадени во 1981, 1982,1991,1993,1995, 1999 и 2005 година.