Во џебното кино во МКЦ – Скопје, на 20 јуни, во 19 часот, ќе се одржи проекција на краткометражните филмови „Одлука“ и „Почетокот“ во режија на Агим Абдула и продукција на „Галактика пикчрс“. По проекцијата, Гледај.мк (неформалниот колектив за театарска и филмска критика) организира дискусија со режисерот Агим Абдула и продуцентот Бунјамин Куртиши.
Во „Одлука“ станува збор за млад човек што е принуден да донесе одлука: да го направи претходно договореното криминално дело или да спаси нечиј живот? Во „Почетокот“ станува збор за тоа дека светот е полн со лаги и измами, луѓето не се сигурни дали тоа што го гледаат е реално или замислено, а реалноста е сосема поинаква.