Вечерва, во Кинотеката во Македонија, со почеток во 20 часот, ќе биде прикажан дел од наградените краткометражни филмови од последното издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, кој се одржа минатото лето во Струмица.
Програмата е составена од: рускиот краток игран филм „Егзодус 20“ на Јана Недзветскаја, кој доби „старозлатен проектор“, австрискиот краток игран филм „Доверба“ на Јулијана Нојхубер, кој доби „бронзена потковица“, британскиот краток документарец „Последната бура“ на Лајам Сент-Пјер, кој доби „сребрена потковица“.
Прикажан ќе биде и македонскиот краток анимиран филм „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов, кој доби „златна потковица“.