Роден во Франција со американско потекло, Марсел Дишан бил едно од седумте деца во семејството, од кои четворица станале успешни уметници. Куќата била полна со слики и гравури од дедото по мајка на Дишан, а семејството го минувало времето во шах, читајќи, сликајќи и заедно создавајќи музика. Од седумте деца на Ежен и на Луси Дишан, четири станале успешни уметници. Марсел Дишан им бил брат на сликарот Жак Вион, на вајарот Рејмонд Дишан-Вион и на сликарката Сузан Дишан-Кроти.
Како еден од највлијателните уметници на 20 век и татко на концептуалната уметност, започнал да црта стрипови за списание, додека го развивал својот уникатен уметнички израз. Во 1912 година, во Њујорк, предизвикал сензација со изложувањето писоар како уметничко дело, насловено „Фонтана“, кое ќе остане како едно од најпознатите негови дела. Со ова сакал да покаже дека уметничко дело може да се создаде од што било, со малку или никаква доработка. Експериментирал со дадаизмот, импресионизмот, кубизмот, надреализмот, футуризмот и апстракцијата. Огромна пасија му било играњето шах, а учествувал и на шаховски натпревари.