Скулптурната инсталација „Управило и наследството на Мурто“, која е концепциски и ликовно поврзана со претходните дела „Рамнотежист“ и „Управило“ на скулпторот Љубиша Камењаров, вечерва, во 20 часот, ќе биде претставена на плоштадот во населбата Автокоманда, во организација на културниот центар „750“.
Новото дело на Камењаров прикажува како човечката фигура, со поедноставени (апстрахирани) анатомски одлики, која во контекст на просторот и поставеноста ја отсликува важноста, ги нагласува доминантноста и значењето на субјектот и темата.
Надоврзувајќи се на претходните размисли и нивната реализација преку ликовни средства, повторно ги забележува и преиспитува состојбата и поставеноста кај единките и групите, поточно хиерархиската поставеност во нивните меѓусебни односи.
КЦ „750“ е мал, мобилен културен центар, заеднички проект на Иван Шопов и на Владимир Лукаш, чија цел е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени.